Rhinoplastica - Операција на Нос

Цел – Естетска и реконструктивна корекција на големината и обликот на носот ( намалување на грбата на носот, преширок нос, симнат врв, седласт нос) како и поправка на дишењето односно девијацијата на носната преграда поради скшеници на коските на носот, искривување на септумот , хипертрофија на носните школки, синуси и др. Реконструктивни интервенции при конгенитални аномалии –хеилогнатопалатосхизис и др.

Оперативна техника – Интервенцијата се извршува преку носните отвори така што нема никакви резови кои ке се гледаат од надворешната страна. По хируршкиот третман пациентот носи тампони во носот кои се вадат на 4- 5ти ден по операцијата и алуминиумска плочка за подобра имобилизација на носот од надворешната страна, која пациентот ја носи 10 дена.

Време траење на интервенција и тип на анестезија – Операцијата трае најчесто 1 – 1 и 45 мин.во зависност од обемот на интервенцијата и се извршува во општа анестезија.

Опоравок од интервенција – Додека не се извадат тампоните (4-5 дена од операција) од носот, пациентот дише на уста.

Компликации – Ретки компликации се отоци околу очите и носот кои поминуваат за неколку дена. Лесни отоци околу врвот или коските на носот поминуваат со лесни масажи и можат да траат неколку недели до добивање на дефинитивниот резултат, а се поврзани со опсегот на операцијата.