










Аугментација – зголемување на градите
Цел – Хируршко зголемување на величината на градите, со пласирање на импланти со силиконски гел. Ова е најчестата и најлесната естетска корекција на гради.
Оперативна техника – Имплантите се пласираат најчесто преку рез на долниот раб на брадавицата со должина од неколку центиметри, така што е скриен и неприметен за да се постигне максимален естетски ефект потоа. Се пласира под жлезденото ткиво,под фасцијата од градниот мускул ( субмамарно), или под пекторалниот мускул (субмускулно, субпекторално). Постои и пристап преку инфрамамарната линија или преку пазувната јама или преку папокот кај пациентки со послабо развиени гради или на специјално барање.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Интервенцијата трае од 1 до 1.5 часа и се извршува во општа анестезија.
Опоравок од интервенција – Враќање на вообичаените секојдневни активности после неколку дена, конци се вадат после 9 дена, и по интервенцијата пациентката е задолжена да носи спортски градник 2 месеца ,со поштеда од физичко вежбање.
Компликации – во многу мал процент може да се јави краткотрајна намалена или зголемена осетливост на брадавките, мал оток и црвенило кои се повлекуваат најкасно за 2 недели.
Аугментација на гради би била добра опција за вас:
- Доколку сте физички здрави
- Имате реални очекувања
- Не сте задоволни со нивната форма или големина