Blepharoplastica- Операција на очни капаци

Цел – Се отстранува вишокот на кожа,периокуларниот мускул и масно ткиво од очните капаци, може да се извршува посебно или заедно (горни и долни капаци). Ова е најчестата естетска интервенција на лицето.
 
Оперативна техника – Резот се пласира во наборот на горниот капак , а на долниот под трепките во природниот набор на кожата. Естетски се неприметни по неколку недели.
 
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Се изведува во локална и во општа анестезија во траење од 30 – 45 мин.
 
Опоравок од интервенција – Конци се вадат на 7 ден од операција.
 
Компликации – Оток и лесни крвни подливи околу очите кои исчезнуваат за 5-7 дена.