







Previous
Next
Otapostasis - Корекција на Уши (клемпави уши)
Цел – Корекција на обликот и големината и симетријата на ушните школки.Ова е најчестата естетска интервенција во детската возраст.
Оперативна техника – Се обликуваат рскавиците на ушната школка со цел постигнување на саканата големина и агол на увото.Предоперативно пациентот активно одлучува за обликот на ушите.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Се изведува во локална анестезија, а кај помлади од 7-8 години потребна е општа анестезија поради можна недоволна соработка со пациентоt. Интервенцијата трае 60-70 мин.
Опоравок од интервенција – Една преврска по 3 дена, а вадење на преврска и конци на 10 дена од операцијата.
Компликации – Оток околу ушите и мали крвни подливи кои се повлекуваат за 10 дена.