Face Lifting
Цел – Затегнување и подигање на кожата и мускулатурата на челото, лицето и вратот, кој често се комбинира со корекција на очните капаци.
Липосукција на подбрадок и липофилинг се интервенции кои може паралелно да се извршат.
Оперативна техника – Се извршува со рез кој се наоѓа во косата, непосредно пред ушната школка и зад увото. Се врши отстранување на вишокот на кожа и затегање на поткожните структури ,фасцијата и мускулатурата (SMAS lift).
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Оперативниот зафат се извршува во општа анестезија и трае околу за комплетен лифтинг (чело, образи, врат) 2,5 – 3 часа.
Опоравок од интервенција – Во болница се останува 24-48 часа, дреновите се вадат по 24-48 часа, конците на лицето и преврската се отстрануваат после 7 дена, а конците во косата и позади ушната школка 12-ти ден.
Компликации – Можна е појава на крвни подливи (хематом) и оток во зависност од големината на лифтингот.