Корекции и пополнување на усните

Цел – Корекција на контурите и волуменот на усните, и корекција на асиметријата по повреди или вродени аномалии.

Инфилтрациона техника – Усните може да се зголемат со хијалурон , чија што трајност е околу 10-12 месеци, или со траен филер Аквамид или со сопствено масно ткиво(Липофилинг) кое исто така е траен материјал.

Полнењето се врши со локална анестезија и при тоа пациентот активно учествува во постигнување на саканиот облик и волумен. Волуменот на ампулата на хијалуронот и Аквамидот е 1 мл., додека со липофилингот волуменот е многу поголем.

Компликации – појава на мал оток на местото каде е работено кој поминува за неколку часа.