Др. Даскалов- Пластична и Естетска Хирургија
Соработуваме со болницата Ре-Медика каде што ги извршуваме операциите во општа анестезија. Соработубваме и со сите други специјалности со цел да овозможиме целосен третман на пациентот:
- ОРЛ
- Торакална хирургија
- Дерматовенерологија
- Анестезиологија
- Онкологија
Кои услуги ги нуди нашата клиника?
Погледнете ги нашите претходни резултати
Чекори до успешна пластична операција
Консултација со нашите доктори
Заедно со нашите доктори може да најдете заедничко решение кое ќе биде најсоодветно за вас и вашите очекувања.
Дефинирирање на целта
Преку големи фотографии и цртежи пациентот добива идеја за како би изгледал резултатот после оперативниот зафат.
Планирање на операција
Со помош на нашите доктори ќе дојдете до најидеалното решение кога станува збор за посакуваниот краен резултат.
Закрепнување после операција
Неколку недели подоцна, се враќате во клиника за следен преглед за да разговараме како оди вашето закрепнување.
Инфо за пациентот
Дали смеам да јадам и да пијам пред интервенцијата?
Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.
Дали може со накит или пирсинг на операција?
Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.
Дали смеам да пушам во тек на престојот во болница?
Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.
Што велат нашите преходни клиенти?
Др. Огњен и др. Дарко, премногу сте добри за да може човек да ги најде правите зборови за да ве пофали. Самата средба со вас, префинетост, топол збор ми влеваат доверба.
Ирена С.
Продолжете и понатаму да бидете толку многу посветени на пациентите, префинети со стил, ние имаме потреба од вашето знаење, стручност и помош.
Игор М.
Др. Дарко и неговиот тим беа неверојатни! Секоја фаза на операцијата беше многу детално објаснета, што ми ја зголеми довербата во нив.
Катерина Л.
Др. Дарко е извонреден пластичен хирург. Секој корак од операцијата беше детално објаснет. Резултатот ги надмина моите очекувања. Без размислување го препорачам на сите!
Стефанија М.
Секогаш беа достапни да одговарат на сите мои прашања. Резултатот е фантаситчен и се чуствувам како нова личност. Ви благодарам од сѐ срце.
Исидора Л.
Корисни написи од нашиот блог
Што е абдоминопластика?
Абдоминопластика е хирушка интервеција со која се отстранува вишокот на кожа и масно ткиво од долниот дел на стомакот. Се изведува со општа анестезија, дреновие се отстрануваа после 48 часа од операција, а конците се отстрануваат после 12 дена. Со интервенцијата се постигнува рамен стомак и затегнати мускули.
Што е контрактура?
Контрактура е често заболување кое доведува до деформирање на прстите и дланката. Начесто се зафатени малиот и домалиот прст. На почетокот оваа болест се мафиестира со поткожно здебелување во вид на зрнест чвор, а подоцна настанува задебелена линија на дланката која доведува до прислино виткање на прстот према дланката. Како последица на ова се јавува болка […]