Абдоминопластика (затегање на стомакот)

Цел – Отстранување на вишокот масно ткиво и кожа од стомакот и затегање на стомачната мускулатура.

Оперативна техника – Се прави хоризонтален рез во долниот дел на стомакот (како за Царски рез). Вишокот на кожа и масно ткиво се отстранува а по потреба може да се направи во истиот акт и липосукција на боковите и бутовите како и зајакнување на мускулатурата на абдоминалните мускули.

Време траење на интервенција и тип на анестезија – Интервенцијата се извршува во општа анестезија и трае 2-3 часа во зависност од големината на зафатот.

Опоравок од интервенција – Дреновите се отстрануваат после 48 часа од операција а конците се отстрануваат на 12 ден. По операцијата пацинтот е задолжен да носи еластичен појас околу месец дена и штедење на организмот од тешки физички работи и задолжително е пешачење 1 час дневно.

Компликации  Постоперативно појава на мал оток(сером) на местото на интервенцијата.