Редукција и подигање на гради

Цел – Смалување, преобликување и подигнување на големи и опуштени гради.

Индикации:

  • Хипертрофија (јувенилна, постпартална, поради ендокрини пореметувања)
  • Асиметрија на гради
  • Психофизички аспект на личноста

Оперативна техника:

  • Техника на краток рез (short scar technique)
  • Периареоларна техника
  • Вертикална техника

Време траење на интервенција и тип на анестезија – Интервенцијата трае од 2 до 2.5 часа и се изведува во општа анестезија.

Опоравок од интервенција – Враќање на вообичаените секојдневни активности после неколку дена, конци се вадат после 2 недели, и по интервенцијата пациентката е задолжена да носи спортски градник 2 месеца.

Компликации – намален осет на брадавиците и оток кој се повлекуваат за 2 недели по операцијата.