Корекција на асиметријата на дојките
Цел – корекција на разликата во големината на едната града со цел да се постигне симетричност на двете.
Оперативна техника – Кај гради кај кои разликата не е многу нагласена симетријата ја постигнуваме преку ставање на имплант со кој би го постигнале саканиот резултат. Кога се работи за поизразена асиметрија на едната града во однос на другата и доколку е поспуштена, неопходно е покрај ставањето на имплант да се изврши и подигање.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Операцијата трае околу 2 часа и се извршува во општа анестезија.
Опоравок од интервенција – Пациентката останува во болница после интервенцијата 24 часа, конци се вадат после 12 дена, и обавезно носење на спортски градник.
Компликации – Оток, чувство на надуеност во градите, црвенило околу резовите, непотполна симетрија.