Реконструкција на гради
Цел – Реконструкција односно враќање на волуменот и обликот на градата која претходно била одстранета најчесто поради тумор.
Оперативна техника – Се постигнува со вградување на ткивен експандер со кој прво сакаме да извршиме проширување или експанзија на кожата, кој се полни со течност во времетраење од 6 недели најчесто, и потоа се вади и се става траен имплант. Друг метод е со помош на Бекер-ов имплант кој се користи и како експандер и имплант, меѓутоа се користи според соодветни индикации и од локалниот наод на пациентката.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Операцијата се изведува во општа анестезија и трае околу 1 до 1,5 часа.
Опоравок од интервенција – При имплантиција на експандер, пациентката е задолжена да доаѓа на редовни контроли со цел да се полни со течност експандерот.
Компликации – Оток, црвенило, првите неколку дена има чувство на затегнатост.