Липосукција и Липофилинг
Цел – Преобликување на телото преку отстранување на вишокот на масно ткиво од разни делови на телото како подбрадок, бедра, бутови, грб, горен и долен дел од стомак, задник, колена, потколеници и раце. Отстранетото масно ткиво може да се искористи повторно за естетско зголемување на усните, јаболчниците, образи, брадата, пополнување на некои дефекти на делови од телото(лице,гради, раце и нозе) каде е тоа потребно( Липофилинг).
Оперативна техника – Се извршува со помош на специјални канили и се аспирира под вакум, предноста е што се изведува низ многу мали отвори на кожата од неколку мм кои по интервенцијата не се познаваат воопшто.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Интервенцијата трае околу 1 -2.5 часа во зависност од тоа на колку регии се прави липосукција и обично се изведува во општа анестезија, а кај Липофилинг се користи локална анестезија.
Опоравок од интервенција – Враќање на нормалните физички активности за 6-7 дена, по операцијата пациентот мора да носи спортски појас 3-4 недели и обавезно е пешачење 1 час дневно во траење од еден месец.
Компликации – Појава на мали крвни подливи и оток на местото каде е работено кои се повлекуваат во првата недела.