Total body lifting

Цел – Отстранување на вишокот на кожа и масно ткиво на сите делови од телото, како последица од нагол губиток на тежина.
 
Оперативна техника – Оваа интервенција поради комплексноста се изведува во два акти. Во првиот акт се врши абдоминопластика и отстранување на вишокот од стомакот со зацврстување на мускулите од предниот абдоминален зид, отстранување на вишокот на кожа од боковите и грбот со обликување на глутеалната (седалната) регија како и редукција на обемот на бутовите. Вториот акт се извршува после неколку месеци каде се врши корекција на градите и затегање на кожата доколку е тоа потребно, во истиот акт се вршат и секундарни корекции кои се надополнуваат на првиот акт.
 
Време траење на интервенција и тип на анестезија – За овој тип на интервенција пациентот мора да има стабилна тежина во последните 6 месеци и да не боледува од други тешки болести. Се изведува во општа анестезија и трае 5 часа. Конци се вадат по 2 недели.
 
Компликации – Отоци, крвни подливи и неправилност на лузните.