Корекција на Задник
Цел – Зголемување и подигнување на глутеалната регија или задникот со помош на импланти или со сопствено масно ткиво (липофилинг).
Оперативна техника – Имплантите се ставаат преку мал вертикален рез во горниот дел од задникот кој е заеднички и за двата импланти, се имплантираат под глутеалниот мускул.
Време траење на интервенција и тип на анестезија – Се изведува во општа анестезија и трае 1 – 1.5 часа.
Опоравок од интервенција – Намалени секојдневните активности првите 7 дена по операција, конци се отстрануваат по 9 дена.
Компликации – Отоци и крвни подливи околу местото каде е работено, непријатност при седење во првите неколку дена.