За Нас
Др. Даскалов- Пластична и Естетска Хирургија

Соработуваме со болницата Ре-Медика каде што ги извршуваме операциите во општа анестезија. Соработубваме и со сите други специјалности со цел да овозможиме целосен третман на пациентот:

Постапка
Чекори до успешна пластична операција
medicate
01
Консултација со нашите доктори

Заедно со нашите доктори може да најдете заедничко решение кое ќе биде најсоодветно за вас и вашите очекувања.

medicate
02
Дефинирирање на целта

Преку големи фотографии и цртежи пациентот добива идеја за како би изгледал резултатот после оперативниот зафат.

medicate
03
Планирање на операција

Со помош на нашите доктори ќе дојдете до најидеалното решение кога станува збор за посакуваниот краен резултат.

medicate
04
Закрепнување после операција

Неколку недели подоцна, се враќате во клиника за следен преглед за да разговараме како оди вашето закрепнување.

Инфо
Инфо за пациентот
Пред да дојдете на закажаниот термин за операција, мора да се водите по основните препораки кои ви ги дал докторот во претходните прегледи и консултации (редовна физичка активност, исхрана, одмор и продолжување со терапијата доколку е неопходно).
 
Секоја интервенција која се извршува во општа анестезија неопходно е да се остане во болница најчесто еден до два дена, операциите се извршуваат во генералната општа болница РеМедика.
 
Во тек на престојот во болница за вас се грижи цел персонал составен од медицинска сестра, анестезиолог и хирург кои гарантираат 24 часовна нега. Документацијата за пациентот е строго загарантирана.
Дали смеам да јадам и да пијам пред интервенцијата?

Доколку интервенцијата се извршува во општа анестезија не е дозволена храна и пијалоци 4 до 6 часа пред интервенцијата. За сите други интервенции во локална анестезија е дозволено храна и безалкохолни пијалоци како и обично.

Дали може со накит или пирсинг на операција?

Накитот и пирсингот мораат да се отстранат во тек на операцијата, исто така се препорачува пациентката да биде без шминка.

Дали смеам да пушам во тек на престојот во болница?

Пушењето е строго забрането за време на престојот во болница.

Впечатоци
Што велат нашите преходни клиенти?
Блог
Корисни написи од нашиот блог
Што е абдоминопластика?

Абдоминопластика е хирушка интервеција со која се отстранува вишокот на кожа и масно ткиво од долниот дел на стомакот. Се изведува со општа анестезија, дреновие се отстрануваа после 48 часа од операција, а конците се отстрануваат после 12 дена. Со интервенцијата се постигнува рамен стомак и затегнати мускули.

Што е контрактура?

Контрактура е често заболување кое доведува до деформирање на прстите и дланката. Начесто се зафатени малиот и домалиот прст. На почетокот оваа болест се мафиестира со поткожно здебелување во вид на зрнест чвор, а подоцна настанува задебелена линија на дланката која доведува до прислино виткање на прстот према дланката. Како последица на ова се јавува болка […]